Димковски одржа работен состанок со Здружението на лозари „Напредни лозари“

Вести Лозарство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска во Кавадарци, одржа работен состанок со Здружението на лозари „Напредни лозари“.

-Во изминативе три години, бевме во постојана комуникација со земјоделците. Од сите наши средби и состаноци, произлегоа многу идеи и предлози за подобрување на секторот. Како и многупати досега, нашата отворена комуникација со лозарите носи напредок. Разговаравме за цената и пласманот на грозјето и подобрените услови за производство на вино, истакна Димковски.

Министерот ги информираше дека целокупното произведено грозје од оваа реколта ќе биде откупено.

-Тоа го докажавме и во изминатиов период, ги исплативме сите заостанати долгови направени од претходната власт, а ние продолжуваме и понатаму со навремена и неселективна исплата на субвенциите, рече Димковски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *