Димковски оствари работен состанок со директорот на ЈП за стопанисување со пасишта Љурзим Фејзулаи

Вести

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, оствари работен состанок со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта Љурзим Фејзулаи.
На состанокот се разговараше за измените и дополнувањата на Законот за пасишта, во насока на нивно порационално искористување како добро од општ интерес. Уредувањето на законот ќе допринесе за остварување на целите на вкупната земјоделска политика која ја води Владата на Република Северна Македонија.
Со измените на законот се очекува преку транспарентна постапка да се овозможи правилна распределба на користење на пасиштата, што не беше регулирано со досегашните законски решенија.

„Современо Земјоделство“

Фотографија на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Фотографија на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *