Во вечерашната емисија на телевизја Телма, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, оговарајќи на прашања од земјоделците, потенцираше дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Светска банка работи на голем проект за модернизација на земјоделство со кој ќе се изградат три откупни центри, два помали и една агрофуд-платформа која ќе биде лоцирана во Скопје и која ќе ја опслужува не само нашата држава, туку и земјите во регионот.
„Постапката за изградба на откупни центри е во тек и дека веднаш откако во Собрание ќе се изгласа Законот за задолжување, ќе се започне со инвестиции во изградба на откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица“, изјави Димковски.