Димковски присуствуваше на порибувањето на кочанската акумулација „Градче“

Вести

Утрово министерот Димковски присуствуваше на порибувањето на кочанската акумулација „Градче“.

Во водите на акумулацијата беа пуштени околу 100 возрасни единки на крап, со тежина над 3 килограми. Порибувањето е наменско, во пресрет на натпреварот во спортско рекреативно риболовство, кој ќе се одржи од 24-26 јули и е во организација на здружението „Кочански рибари“ кое брои 420 членови од целата држава.

Активностите се во насока на развивање на рибниот туризам како алтернативна гранка на туристичката понуда на овој крај, како и за промоција на хидропотенцијалот.

Денешното порибување ќе придонесе и за зачувување на животната средина.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *