Срдечно добредојде за новиот заменик – министер Абдулшуќур Абедини, од редовите на коалицискиот партнер Алтернатива.
Денеска официјално му ја предадов функцијата на новиот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Му посакувам многу успех во работата, заедно да продолжиме да ги реализираме зацртаните цели за континуиран развој на земјоделскиот сектор.
Јас останувам и понатаму во Министерството. Мојата работа продолжува во оваа институција и во земјоделскиот сектор. Тоа е моја единствена професија, нешто што најдобро го познавам и сектор во кој работам години нананзад.
Мојот работен ангажман овде нема прекин и од тие причини се откажувам од законската можност да користам апанажа. Продолжуваме сите заедно со силна агенда и теренски активности за директен контакт со земјоделците. Имаме силен мотив, нови програми, нови проекти, нови идеи кои имаат единствена цел, европско, развиено и конкурентно земјоделско производство.
Фејсбук статус на Трајан Димковски