Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше во посета на Виница и околните села.
-Навистина е убаво чувството да се посетат и видат фарми кадешто, трендовите со свињарство, краварство и овчарство се во нагорна линија, истакна Димковски.
Но, Виница и околните села може да се пофалат со квалитетно производство на сортно грозје и семејни винарници.
-Се надевам дека сите овие вредни земјоделци ќе бидат корисници на грантовите од 10.000 евра на мали фарми семејни винарници кои ќе бидат ставени на располагање до крајот на 2020година, рече Димковски.
Земјоделството е еден од стожерите на нашата економија, и во следниот период продолжуваме заедно за поголем развој, за нови успеси, му порача Димковски на присутните.
“Современо Земјоделство”