Димковски: Завршена над 75% од изградбата на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар-втора фаза

Вести

Досегашната успешна реализација на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза“, е уште еден показател за нашата цврста заложба за капитални инвестиции во земјоделството, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски кој заедно со премиерот Оливер Спасовски и со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, во валандовско Удово, посетиа дел од локациите кадешто се гради системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар.

4

Досега е завршена над 75% од изградбата на системот, со којшто ќе се овозможи наводнување на нови 2.150 хектари земјоделско земјиште во валандовскиот регион.

5

„Реализацијата на капиталните инвестиции во земјоделството и руралниот развој продолжува и во следниот период, со уште позасилено темпо. Македонската почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме.

a

Здравствената криза покажа дека домашното производство во сите гранки е најважно, особено во земјоделството. Затоа треба да го подготвиме земјоделството – да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестициите, за опоравување и заживување на економијата.“ – рече Димковски.

3

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *