Директорот на АХВ, Зоран Атанасов, оствари работна средба со првите луѓе на компанијата МЕТРО

Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство преку посветена и транспарентна работа гради партнерски однос со сите засегнати субјекти.

Доказ за успешната соработка на Агенцијата со компаниите и засегнатите субјекти се и  меѓународнте успеси.

По барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Јули 2017 година, компанијата МЕТРО беше прва компанија која доби право на извоз во земјите на Европската Унија.

Постојаните вложувања во производите и услугите кои МЕТРО а.д. Скопје ги испорачува, доведоа да компанијата стане долгорочен партнер на компании од македонскиот пазар, но и од пазарите во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција, Словенија.

 

Работна средба со првите луѓе на компанијата МЕТРО

 

МЕТРО а.д. Скопје е првата компанија со извозен објект одобрен за извоз на риба и рибини производи од Македонија на пазарите во земјите од Европската Унија. Стратешката посветеност кон извозните пазари придонесе да во изминатите 3 години извозот во земјите во регионот е неколкукратно зголемен.

 

Работна средба со првите луѓе на компанијата МЕТРО 3

 

Секако зад успесите, особено во поглед на растот на извозот, стои успешната соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *