Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, во работна посета на Општина Валандово

Вести

Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, заедно со претседателот на Советот на Општина Валандово и раководителот на ПЕ на МЗШВ во Валандово, оствари работна средна со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.

Преку мерките на АФПЗРР изминатиот период беа реализирани неколку значајни инфраструктурни проекти во општината и тоа:

– Изградба на пат за поврзување на регионален пат Р-1105 со населено место Горна Мала, Јосифово;

– Изградба на нова улица во населено место Удово;

– Тампонирање на пат од Бајрамбос до Кочулски водопади;

АФПЗРР константно инвестира во проекти кои се важни за руралниот развој и ги поддржува индивидуалните земјоделци од оваа општина.

Целта е преку заедничка и долгорочна стратегија да се создаде систем кој ги развива компаративни предности и овозможува развој на долг рок.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *