До 7 април трае огласот за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

Вести

Јавниот оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари трае до 07.04.2018 година. Јавното отворање на понудите ќе биде на 11.04.2018 година.

Со овој оглас се дава закуп на државно земјоделско земјиште во вкупна површина од 758 хектари во следните региони: Виница, Гевгелија, Струга, Кавадарци, Кратово, Кочани и Неготино.

Со цел навремено отворање на понудите и доделување на земјиштето, Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува заинтересираните да го запазат рокот за поднесување на понуди.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *