До крај на април, законски, треба да се исплатат лозарите за предаденото грозје

Вести Лозарство

Поголемиот дел од винарските визби на лозарите целосно им ја исплатија ланската реколта на винското грозје. Според Законот, исплатата е во рок од 6 месеци од превземањето на откупениот род и на 3 рати.

Поради непочитување на законот минатата година „Повардарие“ ја загуби лиценцата за откуп на грозје. Доколку сака повторно да се врати во бизнисот со вино, прво ќе мора да се раздолжи со лозарите.

Винариите кои нема да го исплатат грозјето навреме ќе мора да ја платат и казната во буџетот за повторно добивање на лиценцата која е 10 проценти од неплатениот долг.

Првата рата од 20 проценти за купеното грозје требаше да се плати до 15-ти декември минатата година, втората од 40 проценти најдоцна до 15-ти февруари годинава и последниот износ до крајот на април.

Во Македонија лани беа собрани 180 милиони килограми винско грозје.

Дел од откупот се пласира во странство, а поголемиот дел остана за домашните преработувачки капацитети.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *