До среда многу топло време, ослободени од работа ранливите групи граѓани

Вести

До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност со максимални температури до 40 степени, информираат од УХМР.

На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

На предлог на Министерството за здравство, Владата во петок ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури донесена во средата, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, е продолжена да важи до 27 јули. Како што се посочува во владиното соопштение, од оваа одлука се изземаат хронично болните лица.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *