Добрите практики во одгледување на телињата може да го зголемат вашето производство

Вести Совети Сточарство

Ако темелот на вашата куќа е изграден со недостаток на внимание, од ефтини материјали без стручно знаење, животот го поминувате во решавање на недостатоци во градбата. Слично е и за одгледувањето на крави, каде телињата се основата на вашата деловна активност. Телињата се инвестиција за иднината, бидејќи тие ќе започнат да ги генерираат вашите приходи за неколку години од моментот кога се раѓаат. Сепак, која е цената на инвестицијата? За среќа, добро одгледување на телиња бара минимум, или никаква финансиска инвестиција, а потребно е само внимание, трпеливост и разбирање од страна на земјоделците.

Секој добар одгледувач знае, дека за да имате силно и здраво теле, треба да ги започнете подготовките пред да почнете со одгледување на младите. Стелните крави треба да имаат најмалку 45 дена сув период, со достапна свежа вода и квалитетна сточна храна. Како може да очекувате здраво и енергично потомство од крава, која нема добар третман? Соодветното управување во сувиот период не само што ќе резултира со здрави телиња, туку ќе придонесе и за оптимален почеток на лактацијата, а исто така позитивно влијае на квалитетот и количината на колострумот.

©FAO/Sergei Gapon

Сметувачкиот простор за телињата е исто така главен фактор во нивниот живот, бидејќи тоа е околината со која тие прво стапуваат во контакт. Општо земено, овој простор има две важни улоги: да се обезбеди хигиенска средина и соодветно засолниште за новороденчето. Редовното чистење и сушењето на помеѓу носењето нов подмладок е особено важно за да се намали пренесувањето на болести. Обезбедување соодветни количини сува постелка помага да се заштитат новородените телиња од студена клима, затоа се препорачува да се користи слама како постелка доколку е можно. Исто така, со сламата можете да го исчистите и исушите телето по раѓањето, што е исто така корисна практика, особено за време на зимското телење.

Доколку се случи отелување на терен, обидете се да најдете добро одржувано тревно пасиште кое не е контаминирано со ѓубриво. Ако е можно, калта треба да се избегне по секоја цена. Исто така, од ефтини материјали можете да направите огради за да ги одделите стелните јуници и кравите од остатокот од стадото, за да им овозможите соодветно хранење и да го намалите стресот. Ова е особено важно во случај кога стелните јуници би имале помал пристап до сточна храна од возрасните крави, како резултат на хиерархискиот статус во стадото.

Еден добар земјоделец исто така знае дека колострумот игра клучна улога во преживувањето на телето. Колострумот е млекото, кое се произведува во првите неколку дена после отелувањето. Колострумот содржи важни хранливи материи, фактори на раст и т.н имуноглобулини или антитела, што влијае на имунолошкиот систем на новородените. Со помош на овие супстанции, новородените телиња можат да бидат поотпорни на болести. Овие се всушност војници од првите редови што телото ги користи за борба против болести предизвикани од бактерии и вируси. За да се зголеми неговиот ефект, се препорачува да се дадат најмалку 4 литри колострум на новороденото теле во првите 2 часа по раѓањето. Во случај да се произведе повеќе колострум, отколку што е потребно, добра практика е да се замрзне преостанатиот колострум. Зачуваниот колострум може да дојде при рака подоцна, ако не се произведе доволно колострум, или во случај на смрт на кравата за време или непосредно после отелувањето.

Штом успеавте да добиете силнo и здравo теле од вашите крави, треба да се осигурате дека тие се на место каде што можат да растат и да добијат тежина до нивниот потенцијал. Старата изрека важи овде: „Окото на господарот го храни неговиот добиток“. Со поголемо внимание можете да воочите проблеми кои влијаат на растот на вашите животни: несоодветна вентилација, постелнина натопена во урина која произведува амонијак. При влез во шталата можете да го осетите непријатниот мирис на амонијак. Обидете се да создадете средина, каде кожата на вашите животни се суви, вентилацијата дозволува воздухот да се промени, но обидете се да избегнете силен провев. Постои лесен начин, да се провери сувоста на ѓубривото: ако клекнете на колена, а коленото ви се навлажни, треба да ја промените постелката, или да обезбедите повеќе слама.

Со редовниот преглед на постелката може да забележите знаци на болести. Колку порано откриете дијареја, толку повеќе шанси имате за лекување на телето. Во случај вашето теле да не се крене брзо кога ќе се приближите до него, има заоблен грб, му виси главата, ги шири нозете, ако крвави или има светло сиви фекалии кои се приметливи на постелката веднаш контактирајте го вашиот ветеринар. До пристигнувањето на ветеринарот, обезбедете доволно вода со добар квалитет на вашето теле и обидете се да го идентификувате изворот на овие промени. Дијареата може да биде од два вида: предизвикана од инфекција или од добиточна храна. Додека дијарејата предизвикана од добиточна храна обично се лекува сама и не е смртоносна, треба да се сфати сериозно, бидејќи може да создаде соодветни услови за патогени. Инфективната дијареја е предизвикана од бактерии или вируси, што може да биде резултат на недоволно чистење и лоши санитарни практики. Имајте на ум секогаш да ја чистите животната средина на телето, да го намалите контактот со постарите животни, а во случај да забележите какви било знаци на болести, веднаш одделете ги.

Доброто одгледување на телиња не е лесна задача, особено бара многу време, трпеливост и напор. Но, откако ќе воспоставите дневна рутина за проверка на вашиот добиток и добро управување со колострумот, вашите животни ќе ве наградат со подобри и посилни перформанси, додека цената на ветеринарните услуги ќе се намали. И, што може да биде подобро од среќни и продуктивни крави за еден земјоделец?

Тибор Шуч

Консултант за производство на добиток

Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија

За повеќе информации, контактирајте: Tibor.Szucs@fao.org

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *