Доделени решенијата за финансиска поддршка од повикот „Диверзификација на фарми и развој на бизниси”

Вести

Денеска Министерот Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРР Никица Бачовски ги доделија решенијата на добитниците на финансиска поддршка за мерката 7 од ИПАРД 2 програмата “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”.

-Особено ми е драго што Европската Комисија ја препознава нашата посветеност, и работа. Доказ за тоа е и зголемената поддршка, конкретно за оваа мерка од 9.6 милиони евра на 13.5 милиони евра, се со цел нови, побројни инвестиции кои ќе придонесат за модерно, развиено, европско земјоделство, рече Николовски.

На последниот јавен повик, за Мерка 7 се одобрени 110 барања.

-Преку успешни мерки и политики ги мотивираме земјоделците да ги користат ИПАРД европските фондови, поттикнуваме развој на малите и средните претпријатија, и го позиционираме земјоделството како една од клучните гранки на кои ќе го темелиме идниот економски раст, истакна Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *