Документи потребни за аплицирање на Јавниот повик за набавка на високостелни педигрирани јуници и педигрирани приплодни грла овци и кози

Вести

Во врска со Јавниот повик  бр. 04/2021 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година објавен од страна на Агенцијат за финансиска поддршка и рурален  развој на земјоделството,  за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи согласно Законот за сточарство (регистрирани во Регистарот на признати организации на одгледувачи на добиток, најдоцна до датумот на завршување на
јавниот повик
) ви ја преставувме комплетната документација.

За да може да аплицирате на овој повик задолжително треба да се подготват следните документи:

  1. Понуди –профактури( оригинал) со потпис и печат, доколку се прави увоз на стока, странска понуда /профактура која треба да биде пропратена со превод од овластен судски преведувач;
  2. Деловен план,
  3. Регистарски број на одгледувалиште(РБО) доделен од Агенција за хрна и ветеринарство со кој одгледувалиштето се идентификува ;
  4. Потврда од овластена институција за издадено педигре или фотокопија од педигре (дополнителен документ).

Надоместокот е наменет за набавка на:

  • високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко (со исклучок ан расата Буша),
  • педигрирани машки и женски приплодни грла овци и
  • педигрирани машки и женски приплодни грла кози

Право на користење на средства имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на добиток, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.1 изнесува 6.500.000,00 денари.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 04.07.2021 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *