Долговечноста на Кралицата Елизабета се должи на нејзината исхрана

Вести Совети

Наскоро ќе наполни 92. години, а благодарение на здравите навики кралицата Елизабета II и понатаму изгледа одлично. За нејзината долговечност се заслужни, очигледно, добрите гени, но сосема сигурно и внимателно избраната храна која ја јаде секој ден.

Кралицата денот, секогаш, го почнува со чај! Чај пие без млеко или шеќер и со него задолжително изедува неколку суви колачиња. Потоа појадува житарки и овошје. Понекогаш се одлучува за тост и мармалад, а некогаш појадува кајгана со чаден лосос и тартуфи, пишува „Индепдент“.

Правила на кралицата:

Чај со бисквити пред појадок

Појадок со житарки и тост

Пред ручек една чаша џин

За ручек и вечер никако продукти богати со скроб

Попладневен чај и сендвич

Бифтек за вечера

После вечера една чаша шампанско

Десерт од чоколадо

Пред ручекот ужива во џин и „Дубонет“ (аперитив базиран на слатко вино), со кришка лимон и многу лед. За ручек јаде нешто едноставно, како риба со зеленчук – најчесто спанаќ или тиквички. Исто така, сакала пилешко на скара и салата.

Има правило да не руча ништо што содржи скроб така што на нејзиното мени никогаш нема да се најде компир, ориз или тестенина.

Секој ден пие и попладневен чај. Со чајот јаде или сендвич со краставички, чаден лосос, јајца и мајонез, или со шунка и сенф, а некогаш се одлучува и на слатка верзија како сендвич со мармалад.

Вечера филети од говедско или дивеч, фазан или лосос. Месото се послужува со сос од печурки, павлака за готвење и виски.

За десерт сака да изеде јагоди или слатки бели праски.

Кралицата исто така обожува чоколадо, а денот задолжително го завршува со чаша шампанско.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *