Известување од Платежната Агенција во врска со исплата на дополнителната помош за продадено-неплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година во откупните претпријатија ВВ Повардарие АД и Стефан`с Винери
Се известуваат лицата кои се наоѓаат во листата подолу дека во најкус можен рок до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој треба да ги достават следните податоци:
– Адреса на живеење
– Број на трансакциска сметка
Податоците да се достават директно во писарницата на агенцијата, во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или по пошта на следната адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Сектор за директни плаќања во земјоделството
Ул. „Трета македонска бригада“ бр. 20
1000 Скопје
Со назнака: За дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година
Листа на лица кои треба да достават адреса на живеење и број на трансакциска сметка се наоѓа во следниот pdf документ: