Досега издадени над 800 евидентни листови во Битола

Вести

Од подрачната единица Битола на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетуваат тутунарите дека зголемените субвенции (80 денари за прва, 70 денари за втора, 60 денари за трета класа) може да ги очекуваат за оваа реколта тутун, која речиси се откупи, иако законскиот рок е до 15 март.

Раководителот на МЗШВ ПЕ Битола за Современо Земјоделство изјави дека во тек е пријавувањето за новата реколта и тутунарите масовно подигаат евидентни листови:

-Интересот оваа година е многу голем посебно заради најавените поголеми субвенции за тутунарите. Одамна толку висока откупна цена не се постигнала, ова е голем чекор за поконкурентно земјоделство во државата.  Досега во нашата подрачна единица пријавени се околу 800 тутунари а  се очекува да бидат издадени до 3000 евидентни листови” – изјави раководителот на ПЕ Битола,  Александар Цуцуловски, за Современо Земјоделство.

Земјоделците евидентните листови може да ги подигаат секој работен ден од 8:30 до 21:00 часот.

“Работиме активно како подрачна единица, се организиравме за работа во две смени за да не се создаваат гужви и да нема застој во работата” – додаде Цуцуловски.

Тој истакна и дека евидентните листови треба да се извадат за годинашното тутунопроизводство, а нема да важат за следната година со новиот закон, кој веќе е подготвен.

 

Новинар: М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *