Државата в понеделник ќе објави тендер за изградба на соларни паркови

Вести

Во понеделник ќе биде распишан првиот тендер за изградба на фотонапонски електроцентрали на државно земјиште на две локации. Во Македонски Брод предвидено е да се инсталираат соларни паркови со 10 мегавати, а во Свети Николе со 25 мегавати моќност. Приклучокот на мрежата ќе чини меѓу 20.000 и 30.000 евра по инсталиран мегават.

Државата се обврзува да го пренамени и урбанизира земјиштето. Парцелите се со различна големина за да учествуваат и големи, но и мали инвеститори. Производителите сами ќе одберат каде ќе ја нудат произведената струја.

Производителите ќе се бираат на јавно поддавање, според критериумот најниска заработка. Тендерот ќе биде отворен 60 дена.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *