Дванаесет награди за „Тиквешки семејни винарии” на Балканскиот интернационален натпревар за вино

Вести

По пет златни и сребрени и  две бронзени медали, освоија мини винарници, членови на Здружението „Тиквешки семејни винарии”, на Балканскиот интернационален натпревар и фестивал за вино, којшто овојпат се одржа во Атина.

Претседателот на Здружението, Горан Јаковлевски денеска во изјава за МИА истакна дека фамилијарните винарии постигнале голем успех на 11-от меѓународен натпревар за вино.

-Горди сме на овие награди, кои се доказ дека и во домашни услови, можат да се произведат врвни вина. Тие се поттик за понатамошно  вложување во развојот на винарството, изјави Јаковлевски.

Тој нагласи дека наградите се добиени во голема конкуренција од квалитетни вина и рамо до рамо и со поголеми винарници.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *