Едукативна работилница на овоштарите за превенција и сузбивање на Monilinia Fructicola

Вести Овоштарство Огласи Совети

Во Делчево се одржа едукативна работилница на тема „Мерки за превенција и сузбивање на штетниот организам „monilinia fructicola“ кај коскестото овошје. Едукативното предавање со овоштарите од Пијанечко-Малешевскиот регион се одржа на иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а присуствуваа претставници на Фитосанитарна управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.

 

– Целта на трибината е да се потенцира актуелната состојба со штетниот организам „monilinia fructicola“ карактеристичен за коскестото овошје кое се појави на територијата на земјава минатата година, како и серијата мерки кои ги презема МЗШВ кое за справување со овој штетник има изготвено и акциски план на активности кои треба да се преземат за да се надмине оваа состојба.

Штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola детектирано во овошјето носи далекусежни последици по квалитетот и квантитетот на реколтата, но беше и главната причина да биде запрен и извозот на традиционалниот руски пазар, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска од Факултетот за земјоделски науки. Како што истакна Сашка Алексовска од државната фитосанитарна лабораторија единствен начин да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија во Руската Федерација е ставањето под контрола на овој организам кој го напаѓа коскестото овошје.

– Минатата година низ целата држава имавме спроведено акција со фитосанитарен инспектор за откривање на предизвикувачот на болеста монилија при што беше потврдено дека истата постои и кај овошките во Делчевско и Пехчевско. Единствен начин за да се укине оваа забрана е доколку сите заедно, овоштарите како производители и Министерството како надлежен орган се заложиме за решавање на овој проблем, а тоа е ставање под контрола на овој штетен по овошјето организам, рече Алексовска.

На сопствениците на овошни насади им беше поделен прирачникот со мерки и препораки како да се настапува при уништувањето на оваа болест која зема се поголем замав во Македонија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *