Еколошка акција за почисто Дебарско Езеро

Вести

Акцијата беше организирана од граѓански асоцијации, а поддржана од неколку компании, како и локалната власт на Дебар, а активно беше вклучено и Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Во акцијата активно се вклучија голем број дебрани, главно млади, а заедно со нив беше и градоначалникот Хекуран Дука и претседателот на советот Башким Машкули.

„Ова е еден од најубавите делови на градот, покрај другите убавини и културно историски знаменитости со кои располага нашиот крај. Тука во летниот период се релаксираат голем број наши граѓани, туристи, гости, како и иселениците и нивните деца, кои традиционално во лето доаѓаат во родниот крај. Оваа убавина мора да ја заштитиме и сочуваме“, порача градоначалникот Дука.

Општината, како што информраше Дука, обезбедила гориво за потребната механизација, пластични вреќи, алуминиумска мрежа и јаже за извлекување на отпадот од езерската вода, а на располагање е ставен и камион и неколку вработени од општината.

Грижата за ова езеро секако е на трите општини, Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, бидејќи отпадот во езерото доаѓа преку Радика, Црн Дрим и помалите реки и потоци кои се влеваат во него од делот кај Центар Жупа.

Пред повеќе години, еколошки здруженија од трите општини, покренаа иницијатива кај Косоврашки Мост, каде што Радика се влева во езерото или кај Мелнички Мост да се стави челична мрежа, која би спречила отпадот да се слева во езерото, но сѐ остана само како замисла.

На брегот на Дебарско Езеро, од Мелнички Мост до месноста „Три чешми“, посебно на градската плажа во летниот период дневно има стотици капачи и спортски риболовци, а за време на викендите и по повеќе од две илјади. За зголемената посетеност влијаат и уредните плажи пред повеќето угостителски објекти.

Стотици вреќи пластичен и друг отпад беа собрани од брегот и извадени од водите на Дебарско Езеро во рамки на вчерашната голема еколошка акција, долж градската плажа.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *