Експерти ги здружуваат силите за превенција од африканска свинска чума на Балканот

Вести Совети Сточарство

Намалување на ризикот од појава и подобрување на подготвеноста за брзо откривање и контрола на болеста африканска свинска чума во балканските земји е главната тема на четири-дневната работилница на ФАО која завршува денеска во Белград, на која присуствуваат и претставници од Северна Македонија.

 

Африканската свинска чума е вирусна хеморагична болест која убива до 100 проценти од инфицираните домашни и диви свињи. Не претставува ризик за здравјето на луѓето, но има потенцијал да ги загрози животот во руралните средини, безбедноста на храната и трговијата во засегнатите региони.

Во последниве години, болеста постепено се шири и нејзината појава во Бугарија, Унгарија и Романија во 2019 година претставува сериозна и неизбежна закана за Балканот.

 

“Вирусот може брзо да се шири поради релативно густата популација на диви свињи и распространетоста на одгледување домашни свињи во фарми на отворено”, истакна Даниел Белтран-Алкрудо,  офицер на ФАО за здравје кај животните. Според него “висока свест, подобрена биосигурност и подготвеност се клучни за спречување на болеста да влезе во регионот и минимизирање на негативните влијанија врз руралната егзистенција, вредносниот синџир во секторот свињарство и трговијата”.

 

За таа цел, ФАО спроведува итен проект насловен “Итна подготвеност против африканска свинска чума на Балканот”, со денешната работилница како прв чекор во дефинирањето на стратегии за превенција и контрола на болеста во регионот и идентификација на проблематичните прашања на граничната контрола, јавната свест, биосигурноста итн.

 

На работилницата учествуваат меѓународни експерти, како и повеќе од 25 учесници од пет земји учесници во проектот – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија – плус Хрватска, Унгарија и Романија. Учесници се претставници од министерства за земјоделство, агенции за храна и ветеринарство, агенции за шумарство, како и ловни здруженија и невладини организации активни во секторот свињарство. За болест како африканска свинска чума, координацијата меѓу сите овие институции е од клучно значење. Меѓународните агенции, како Европската агенција за безбедност на храна и Светската организација за здравјето на животните, исто така, се дел од настанот.

 

“Работилницата е исклучително важен форум за споделување на знаења меѓу експерти од различни области”, изјави Даниела Мангионе, Програмски офицер на ФАО. “Балканот не бил изложен на африканска свинска чума, што значи дека владите, земјоделците и ловците имаат ниска свест и недоволно техничко знаење за болеста”.

 

Како резултат на работилницата, претставниците ќе  договорат план на активности за 18-месечниот проект кој започна во декември 2018 година и ќе обезбедат детални информации за клучните предизвици во врска со болеста кои секоја засегната земја ќе има можност да ги адресира.

 

 

 

КОРИСНИ ЛИНКОВИ:

 

Новата мапа на ФАО за диви свињи може да помогне во управувањето со африканската свинска треска

www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1136438/

 

Откривање и дијагностика на африканска свинска чума – прирачник за ветеринари

www.fao.org/documents/card/en/c/bd35c569-752e-4b57-892e-e3e2e0ee0c9c/

 

Доказите укажуваат дека дивите свињи ја пренесуваат африканската свинска чума

www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1069049/

Справување со африканска свинска чума кај дивите свињи – Надзор и превенција на пренос до / од домашни свињи www.fao.org/europe/events/detail-events/en/c/1051367/

ВИДЕО: Свест за африканската свинска чума
www.youtube.com/watch?v=8er39hl4YUs


Глобален извештај за разузнавање на болести кај животните
www.fao.org/documents/card/en/c/c7e1999f-ada1-4720-ace7-5592410117b0/
Европа и Централна Азија подготвени да одговорат на прекуграничните болести кај животните
www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1041660/

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *