Експерти од СЗО ја посетија Агенцијата за храна и ветеринарство

Вести Совети Сточарство

Претставници на експертските групи на Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамки на нивната работилница за заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник која се одржува во Скопје, ја посетија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на посетата е детално запознавање и презентирање на активностите кои Агенцијата ги презема во областа на јавното здравство, здравствената заштита на животните, особено во делот на превентива и контрола на зоонозите, безбедноста на храна и антимикробната резистенција.

Со Меѓународниот здравствен правилник земјите членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавно здравствен одговор во услови на меѓународно ширење болести. На состанокот беше посочено дека имплементирањето на Меѓународниот здравствен правилник е регулирано со посебен член во Законот за јавно здравје. Овој подзаконски акт поставува нови барања и обврски за земјите членки на СЗО кои треба да развијат способност за откривање, верификација, известување и точност на информациите. Меѓународниот здравствен правилник е многу ефикасен инструмент за јакнење на врската, меѓу системите за следење на состојбите и воспоставување брзи механизми на реакција и одговор на кризни состојби, а прифаќањето на правилникот, и постапувањето според неговите препораки, претставува клучен глобален инструмент за заштита од интернационално проширување на заболувањата.

Поосебен акцент беше ставен на заедничката и координирана активност на Агенцијата за храна и ветеринарство со институциите од здравствениот сектор, пред се со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за здравство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *