Есенски активности во Вашата градина

Вести Совети

Со доаѓањето на есента, најверојатно и не минувате многу време размислувајќи за градината, иако во суштина би требало, бидејќи пониските температури и  дождови ја прават есента идеално време за подготвка на тревникот за идната пролет.

Многумина сметаат дека тревникот бара значително помала грижа и внимание за време на есента, затоа што тревата расте побавно, но тоа не е точно. За време на овој период од годината тревата апсорбира енергија, влага и хранливи материи кои ќе ѝ бидат од огромна помош за време на долгата и студена зима. Обрнете внимание на тревникот сега, а потоа ќе бидеш награден со раскошно зеленило на пролет.

1. ПРОДОЛЖЕТЕ СО КОСЕЊЕ НА ТРЕВНИКОТ

Продолжете и понатаму да ја наводнувате  и редовно да ја косите тревата и за време на есента. Полека, како што изминува сезоната за косење, менувајте ја висината на ножот. За последните две косења, ножот поставете го на најниската позиција, така ќе се овозможи продирање на сончевите зраци до тревата и ќе се спречи појавата на онаа непривлечна кафена боја на тревата.

Внимание: И покрај препораката да го поставите ножот за косење на најниска позиција, повторно не заборавајте го правилото да не косите повеќе од 1/3 од висината на тревата. Доколку е потребно, постепено смалувајте ја висината се до последните две косења.

 2. АЕРАЦИЈА НА ПОЧВАТА

Есента е идеален период за аерација на тревникот, како би можеле кислородот, водата и другите хранливи материи да стасаат до тревните коренчиња.

3. СОБЕРЕТЕ ГИ ПАДНАТИТЕ ЛИСЈА

Иако можеби и не е најпривлечната активност, сепак потребно е да се среди нередот од паднатите лисја и да се отстранат од тревникот што поскоро. Не чекајте сите лисја од дрвјата да испаднат, па потоа да почнете со собирање. Доколку се повеќе одложувате, лисјата ќе се наводенат, залепат едни со други и ќе почнат да скапуваат, задушувајќи ја тревата, можат лесно да постанат и извор на различни габични болести. Освен со класичен листособирач, лисјата може да се собираат со електрична дувалка и всмукувач која значително ќе ја забрза и олесни работата.

4. ОТСТРАНЕТЕ ГИ ЕДНОГОДИШНИТЕ РАСТЕНИЈА

Доколку низ тревникот имате посадено едногодишни цветни растенија, најдобро е истите да бидат отстранети како би и се овозможило на тревата и на другите повеќегодишни растенија доволно простор да дишат и опстојат.

5. ПОКРИВАЊЕ НА НАДВОРЕШНИТЕ ФОНТАНИ

За надворешните фонтани да не се оштетат во текот на зимата, потребно е најпрво да се испушти сета вода, а потоа истите да бидат покриени. Скапаните лисја можат сериозно да го оштетат филтерот за вода.

6. НАЃУБРУВАЊЕ ЗА ПОНАТАМОШЕН РАСТ

Мноштвото експерти се согласни околу следново: Доколку го наѓубрувате тревникот еднаш годишно, тогаш најдобро е тоа да го направите на есен. Тоа е поради тоа што со опаѓањето на температурата се забавува растот на тревата, но тревните корења и понатаму растат забрзано. Со прихранувањето се овозможува сите хранливи материи да допрат до длабоките тревни корења и на тој начин истите биваат складирани за здрав старт следната сезона.

7. ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПЛЕВЕЛОТ ОД ТРЕВНИКОТ

Доколку глуварчето го освоило тревникот, треба сериозно да засукате ракав и „да му објавите војна“. Плевелот, како и другите растенија апсорбира исклучително големо количество на енергија во текот на есента. Неговата отпорност е голема, затоа потребно е вистински да се заинаетите и да го искорените целосно, користејќи и соодветно средство за уништување на плевел.

Колку и да е тажна разделбата со летото, сепак тоа не значи крај, но е почеток на една нова сезона која навестува и нова пролетна радост во природата.

Ако сакате повторно да се радувате на сите мали волшепства на Вашата градина, тогаш дефинитивно треба да вложете напори за да ги заштитите тревникот и растенијата од студеното време кое следува… Откако ќе завршите со потребните активности, Ви останува само да уживате во сите бои на есента!

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *