ЕУ поддршка за ЦЕФТА во создавањето Заеднички регионален пазар

Вести

Секретаријатот на ЦЕФТА беше домаќин на состанок со амбасадорите на страните на ЦЕФТА во Европската унија

Денеска во Брисел, г. Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, се сретна со македонскиот министер за економија, г.Крешник Бектеши, во својство на претставник на страната претседавач на ЦЕФТА за 2021 година. На средбата се разговараше за приоритетите на Претседателството во 2021 година и веќе постигнатиот напредок.

За време на официјалната посета на македонскиот министер, Секретаријатот на ЦЕФТА беше домаќин на состанок со амбасадорите на страните на ЦЕФТА во Европската унија. Главната тема на состанокот беше Заедничкиот регионален пазар и неговата улога во забрзувањето на регионалната економска интеграција и продлабочувањето на интеграцијата на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ.

Имајќи клучна улога во спроведувањето на активностите поврзани со трговијата од Акциониот план, ЦЕФТА има амбициозна агенда за 2021 година, насочена кон олеснување на економското закрепнување на ЦЕФТА регионот.

„Лидерите на регионот едногласно ветија дека со здружени напори ќе изградат заеднички регионален пазар. Посветеноста и силната обврска да се оствари ветувањето бараат акција. Годината на македонското претседателство ја започнавме со амбициозна агенда, развивајќи нови механизми и покренувајќи иницијативи за олеснување на трговијата и забрзување на економското закрепнување на регионот. Направено е многу, но потребни се дополнителни напори за да се испорачаат резултатите ветени за Самитот во Берлин. Самитот ќе биде клучен не само со цел да се процени силата на регионалната соработка, туку и да се презентираат опипливи резултати пред бизнисите и нашите граѓани.“ – изјави господинот Емир Ѓикиќ.

Според министерот Бектеши, во текот на македонското претседателство активностите ќе бидат фокусирани на следење на напредокот во секоја земја на ЦЕФТА во однос на олеснување на трговијата со стоки и отстранување на нетарифни бариери. Меѓу другите активности е и подготовка на единствена листа на сите такси и давачки за увоз или извоз на стоки.

„Ќе се фокусираме на заемно признавање на трговските документи, поедноставување и усогласување на процедурите и понатамошно усогласување со регулативите и стандардите на ЕУ. Големо внимание им се посветува на квалитетните инфраструктурни активности согласно Проектот финансиран од ЕК, кој ќе треба да избере приоритетни сектори што треба да се испитаат со цел да се споредат законодавните тела во страните на ЦЕФТА и да се обезбедат услови за преговори и склучување на Договорот за заемно признавање до крајот на 2021 година.“ – рече Бектеши.

„ЕУ целосно ја поддржува ЦЕФТА во нејзиниот обид да ја спроведе трговската димензија на Заедничкиот регионален пазар, заснована на правилата и стандардите на ЕУ. Ова е вистинско време да се ослободи потенцијалот за раст преку зајакнување на регионалната економска интеграција. Заедничкиот регионален пазар ќе послужи како чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ: идентификувавме области каде Западен Балкан може подобро да се интегрира во единствениот пазар на ЕУ. Регионалната економска интеграција и зајакнувањето на вашата интеграција во единствениот пазар на ЕУ се двете страни на истата паричка. “ – истакна Томас Хаглеитнер од Европската комисија.

Учесниците на состанокот се согласија дека регионалната трговска агенда ќе овозможи ефективно слободно движење на стоки и услуги, луѓе и капитал. Врз основа на заложбите на ЦЕФТА и процесот на пристапување кон ЕУ, агендата за регионална трговија исто така ќе го приближи регионот до внатрешниот пазар на ЕУ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *