ФАО помага за зајакнување на капацитетите за превенција, детекција и подготвеност во случај на Африканска свинска чума во Северна Македонија

Вести

Африканската свинска чума (АСЧ) е високо заразна болест на свињите, која е присутна во Европа и Азија и нанесува сериознa штетa на одгледувачите и на трговците. Состојбата на Балканот е сериозно загрижувачка, а можноста да се појави во Македонија претставува реалност, особено откако во август 2019 беше детектирана во домашните фарми во Србија.

 

Со цел да им се помогне на Балканските земји, вклучително и Република Северна Македонија соодветно да одговорат на Африканска свинска чума, ФАО имплементира регионален проект од ноември 2018 преку зајакнување на капацитетите на клучните национални чинители во борбата против болеста.

Во фокусот на пет-дневната експертска мисија на ФАО, имаше процена на моменталните активности кои се превземаат во Северна Македонија поврзани со Африканската свинска чума, како и зајакнување на капацитетите на државата за биосигурност во оснос на дивите свињи, биосигурноста во ловот и превентивните мерки на ниво на фармите.

 

„Вирусот може да се прошири преку природното движење на инфицирани диви свињи како и од инфицирано месо и месни производи“, изјави Марк Ховари, ФАО Експерт за здравје кај животните. „Зголемување на јавната свест, подобрената биосигурност и подготвеноста се клучни за превенирање на влез на болеста во земјата, но и за минимизирање на негативните ефекти врз домашните производители, вредносниот синџир и трговијата.“

 

Европското искуство посочува дека покрај домашните свињи, дивите свињи исто така имаат клучна улога во одржувањето и спречувањето на ширење на болеста. Експерти на ФАО работеа со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, Националната ветеринарна лабораторија при Факултет за ветеринарна медицина, ветеринарите, ловците и останатите чинители – на дискусија на националната стратегија за превенција на болеста, рано дијагностицирање и контролирање во случај на појава.

 

Дел од обуките беа насочени кон одгледувачите на свињи и беа наменети за подобрување на општите аспекти на биосигурноста во врска со болеста, вклучувајќи ги и биосигурносните листи за проверка за фармите и мерките за превенција за спречување на влез на болеста во фармите.

 

Вo наредниот период, ФАО ќе ја поддржи Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите релевантни чинители во спроведување на симулациска вежба за тестирање и подобрување на подготвеноста во случај на АСЧ.

 

Африканската свинска чума е заразна болест која убива 100 проценти од инфицираните домашни и диви свињи за која  не постои лек или вакцина. Болеста не претставува закана за човечкото здравје, но има потенцијал да го уништи домашното производство и значително да влијае на безбедноста на храната и трговијата во зафатените региони.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *