Финаниска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива

Вести
  1. Финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.4.2022 до 7.5.2022 година

-Корисници на оваа подмерка се регистрираните земјоделски стопанства кои во производната 2022 година
имаат производство на зелка и истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за максимална предадена количина на зелка од 30.000 кг по хектар пријавена површина.

 

2. Финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица и/или јачмен за основно ѓубрење.

 

Корисници на оваа подмерка се:

-земјоделски стопанства кои во есен 2022 година (во трошоци за периодот од 22.9.2022 година до 22.12.2022 година) имаат засеани површини со пченица и/или јачмен и во периодот од 1.8.2022 година до 31.10.2022 година имаат набавено ѓубрива за тие посеви, во количина од најмалку 200 кг по хектар за пченица и/или јачмен,

-земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно Законот за
основно семенски и саден материјал за земјоделски растенија кои во ѓубрење есен 2022 година (во периодот од 22.9.2022 година до 22.12.2022 година) имаат засеани површини со пченица и/или јачмен за производство на сертифициран семенски материјал и во периодот од 1.8.2022 година до 31.10.2022 2022 година
имаат набавено вештачки ѓубрива за тие посеви, во количина од најмалку 200 кг по хектар за пченица и/или јачмен.
Висината на финансиската поддршка изнесува 3.000 денари по хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива.

 

3. Финансиска поддршка за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022

 

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат овошен насад од слива и истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за максимална предадена количина на сливи од 17.000 кг по хектар пријавена површина.
Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм.
Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец септември изнесува 4 денари по килограм.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

-Фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми/литри или
– фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми/литри, вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура или
договор склучен помеѓу барателот и продавачот на ѓубре за начинот на плаќање на фактурата.

 

Вкупниот максимален износ на финансиска поддршка за мерка 1.4. „Финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица и јачмен“ изнесува 3.000.000 денари по корисник.

Најдоцна до 31 октомври електронски да се аплицира.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *