Форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во рамки на проект на УСАИД

Вести

Форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“ со фокус на агро-бизнисот ќе се одржи денеска во Велес, во рамки на проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Во официјалниот дел обраќања ќе имаат Александар Зарков извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, Татјана Марковска од канцеларија за економски развој на УСАИД Македонија и Љубомир Димовски, директор на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Дел од панелистите се директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и Ленче Николовска, советник на премиерот за земјоделство.

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал и четирите клучни партнери, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија.

Проектот е во вредност од 1,9 милиони долари и има цел да ги адресира темите од областа на бизнис регулатива, кои се неповолни и предизвикуваат притисок на малите и средни претпријатија (МСПа) да бидат усогласени со комплексните регулативи.

Активностите на проектот вклучуваат серија на анализи на моменталните регулаторни и правни барања кои ги загрижуваат МСПа-та, како и воспоставување на механизми за јавно – приватен дијалог, кои би се користеле за предлагање на реформи на регулаторната рамка.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *