Георгиевски: Жените добија посебен статус и значење во политиките кои ги спроведува МЗШВ

Вести

Бидете сталожени. Ќе помине и ова, како што има поминато сè. Кога можеше едно “Скопје2014” кое излезе од еден филм на “вечност” да дотрае, ќе поминат и овие денови. Тие што мислат дека светот се врти околу нив, вртоглавицата не им дозволува да видат каде се наоѓаат.

Не барам ништо друго од вас, барам само да размислите колку интервенции во системот се случија изминативе три години. Во дел од тоа придонесов и јас, како дел од тимот на вистински професионалци, предводени од мојот ценет Ljupcho Nikolovski.

Колку повеќе се отворија институциите за сите и конечно го воведовме вредносниот стандард, дека има некој во институцијата кој се грижи и помага кога ќе дојдете со проблем. Можеби некои работи земаат повеќе време, но тоа е заради тежината на проблемот.

И сега, поставете си прашање: дава ли резултати работата? Јас верувам дека ја дава. Инвестициите кои се случуваат го потврдуваат тоа. Тоа е правиот пат!

Подолго време се мислев да проговорам и тоа го правам сега, кога треба да се одлучува што понатаму. За мене понатаму значи да градиме нешто што ќе трае, како што ќе траат откупно-дистрибутивните центри во Скопје, Ресен и Струмица за кои проектирањето беше започнато уште од 2018 и со реализацијага ќе донесе до поголема стабилност во земјоделскиот сектор.

Кога ние градиме институции, тие се за долгорочна употреба, како што е мерната станица на Управата за Хидрометеоролошки работи во Лазарополе кај која во посета денеска беше министерот Trajan Dimkovski. Пошироката јавност може не е запознаена, но УХМР е орган во состав на Министерството за земјоделство и обновата на сите мерни станици започна и се заокружува во наше време.

Никогаш во историјата на независна Македонија не се граделе четири брани одеднаш, како што е сега!

Никој не памти кога во претходна влада МЗШВ финансиски ги поддржувала осумте плански региони, како што тоа се случува изминативе две години.

Никој не памти кога на младите земјоделци им била доделувана земја и притоа да бидат ослободени од плаќање во првите три години, како што е сега! (Грантовите до 20.000 евра нема ни да ги спомнам, иако сите знаете дека е одлична мерка)

Можеби некој заборавил, за прв пат државата ги идентификуваше земјоделците со развоен потенцијал и ги награди со дополнителна финансиска поддршка за да ги мотивира.

Додека некои сеуште бараат во речник што значи кратенката ИПАРД, ова раководство на МЗШВ успеа за рекордно време да ги обработи европските процедури и да ја донесе искористеноста на средствата до максимум.

Никогаш нашиот сектор не бил поприсутен надвор од државата, како што беше во последните две години. Затоа што буџетот се зголеми три пати! Македонските брендови беа присутни на сите страни од светот.

Жените добија посебен статус и значење во политиките кои ги спроведува Министерството. За прв пат во историјата се објави повик за доделување на грантови за жени од руралните средини за модернизација на домашното производство на оние превкусни ајвари, сирења, компоти и џемови. Да добијат можност да заработат за достоен живот, а некои цело време се обидуваат и тоа да го оцрнат, заради лична аверзија кон поранешните колеги.

За да се направи сето тоа, требаше да се изменат 19 закони. И тоа се реализираше, со многу убедување да не се кочи процесот од оние кои не гледаат подалеку од сопствениот интерес. За тоа се водеа битки на собраниската говорница.

Цел период следи пред нас во кој треба да се работи. Да се заокружат започнатите проекти и да не се губи време на нечии “вртоглавици” и на нереализирани луѓе без идеја.

И што понатаму?
Мислам дека е јасно.

Гоце Георгиевски – МЗШВ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *