Концесионерот на акумулацијата Глажња и акумулацијата Липковско Езеро, Ловечко риболовното друштво „Шќипоња“ од Липково, вчера изврши порибување на двете локации со 5000 пастрмки.
Во присуство на овластени лица од ЛРД, негови членови и државен земјоделски инспектор, 60 кг пастрмка со големина од 10 до 70 грама беа пуштени во водите на Глажња и 40 кг во Липковско Езеро по обврска и одобрен годишен план за 2020 година.
„Пастрмката е набавена од домашниот репроцентар „Акватика“ ДООЕЛ Неготино, рибите ги обезбедивме од донации и сопствени средства, целта е да го збогатиме рибниот фонд на двете акумулации“, изјави Раиф Мустафи, претседател на ЛРД „Шќипоња“.
Поради заштита на пастрмката, од вчера строго е забранет риболов на локацијата каде што е пуштена пастрмката, а местото е означено со заштитна лента и ќе биде контролирано од рибочуварите.
Пред дваесетина дена Глажња и Липково беа порибени со 350 кг крап, од кои 150 кг крап на „Липково“ и 200 кг на „Глажња“ во рамки на добиената концесија од Министерството за земјоделство.