Годишното собрание на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“,

Вести
Годишното собрание на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, денеска се одржа по трет пат, во присуство на членовите на Сојузот и претставници на МЗШВ, АХВ и АФПЗРР.
Можно е да е слика од 5 луѓе и внатре
Развојот на овчарството е една од нашите цели која е дефинирана и во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој. Условите за одгледување на овци на нашата територија се изложени на ризик поради климатските промени кои влијаат на квалитетот на пасиштата.
Можно е да е слика од 3 луѓе и внатре
Особено е силно влијанието на сушата која последниве години е се почеста. Во таа насока, потребно е и условите за овчарство да се адаптираат кон новите климатски промени со цел да се заштити овчарството кое е наша стратешка сточарска гранка.
Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре
Тема на денешното годишно Собрание беа и Законот за земјиште, Законот за пасишта, субвенционирањето и можностите за меѓународна соработка со соседните држави.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *