Голем интерес за огласот Млад Земјоделец во Општините Битола, Могила и Новаци

Вести

Сите млади земјоделци кои имаа до 40 години и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,  до 19 октомври имаа можност да аплицираат за добивање средства за млад земјоделец од Програмата за рурален развој, со максимална прифатлива инвестициja до 600.000,00 денари или 10 илјади евра.

Средствата се наменети за почнување земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање сопствен агробизнис.

Во општините Битола, Могила и Новаци, оваа година аплицирале вкупно 181 барање за огласот „Млад Земјоделец“ со помош на советниците од АПРЗ.

-Вкупно 181 апликација е направена преку службите на Агенцијата за поттик и развој на земјоделството. Земјоделците најмногу аплицираа за приклучна механизација за после бербени активности, за опрема за преработка на  земјоделски производи, но имаше и такви кои аплицираа за набавка на високо стелни јуници, пчели и опрема за пчеларство, – истакнаа од АПРЗ, дирекција Битола, во разговор за Современо Земјоделство.

Оваа година во аплицирањето за огласот „Млад Земјоделец“ се вклучи и здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“.

-Голем беше интересот кај земјоделците за аплицирање за огласот Млад Земјоделец. Имаше многу кои сакаа да аплицираат за трактори. Но нашите советници им дадоа насока при изборот на опремата за да се достигнат поените кои беа назначени во огласот. Современо Земјоделство постои токму за земјоделците, и стои на располагање за комплетна документација и аплицирање за сите активни огласи, изјавија од Современо Земјоделство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРР Николче Бабовски, вчера истакнаа дека вкупниот број на добиени апликации оваа година е 1045, што значи дека во Општина Битола, Новаци и Могила опфаќаат повеќе од 20% од вкупниот број апликации.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *