Гошаревски: Ресен и Преспанскиот регион добиваат модерен лик, за којшто се боревме пред четири години

Вести
Со транспарентна, чесна и макотрпна работа, и покрај сите препреки кои ги наследивме од претходната власт, милионските долгови кои ни ги долгата криминална рака на ДПМНЕ, успеавме Преспа да започне да добива модерен лик, за кој што се боревме пред четири години, порача на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина”, градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.
Тој истакна дека општината, заедно со Владата на Република Северна Македонија и меѓународната заедница, успеа да заврши голем број на капитални проекти кои се во интерес на сите жители на нашата убава Преспа.
Асфалтиравме и реконструиравме над 20 километри улици и патишта влеговме, во секоја населба, во секое село, исто така асфалтиран е дел од патниот правец Битола-Ресен, од клучката кај Макази до влезот на Ресен, во должина од 2.7 километри  а извршена е и рехабилитација на патниот правец Ресен- Царев Двор во должина од 4 километри, рече Гошаревски и најави дека се започнати подготвителни активности за реконструкција на патниот правец Ресен- Охрид преку Галичица.
Меѓу реализираните проекти во изминатите четири години, Гошаревски ја издвои адаптацијата на детската градинка Јаболче, новиот и модерен лик на градскиот пазар, реновирањето на спортската сала „Зоран Стојановски”, реновирањето и адаптацијата на училиштата Мите Богоевски во Болно и во Јанковец, реконструкција на 10 и пол километри водоводна мрежа.
За мене како градоначалник, но пред се како човек, ми претставува огромна чест и ме прави особено горд, што токму тука се потпиша историскиот преспански договор, а преку него нашата држава стана активен учесник во градењето на мирот и стабилноста во регионот и Европа, истакна Гошаревски.
Тој рече дека општина Ресен со Грција реализира три успешни прекугранични проекти, а продлабочувањето на соработката  со нашиот сосед Грција ќе биде уште поголемо со отварањето на граничниот премин Маркова Нога.
Jа сакаме нашата Преспа чиста и зелена, урбанизирана, со визија како на нашите млади да им обезбедиме уште подобри услови да продолжат да живеат и работат тука, порача градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски на трибината „Најдоброто за нашата општина”.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *