Гошаревски: Целосна поддршка на Задругите околу пласманот на јаболката

Вести Овоштарство

Денес остварив средба со претставници на земјоделските задруги, и со претставникот на работната група на јаболкопроизводители.
Како градоначалник, давам целосна поддршка на ставот околу минимална продажна цена на јаболкото, договорена од страна на задругите на јаболкопроизводители.

Заеднички го констатиравме успехот што беше постигнат оваа сезона во заштитата од град, со авионското засејување на облаците.
Разговаравме околу предизвиците со кои се соочуваат пред почетокот на овогодишната берба, како и насоки на делување на Општината и институциите во интерес на овоштарите.

Фејсбук статус на Живко Гошаревски – градоначалник на Општина Ресен

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *