Градоначалникот на Крушево, Христовски со апел до компаниите кои откупуваат тутун

Вести

Почитувани,

Многу сограѓани тутунопроизводители од општина Крушево се’ уште не можат да го пласираат произведениот тутун и со тоа да обезбедат егзистенција за себе и семејството, ниту пак да обезбедат нови договори. Постојано комуницирам со овие сограѓани и се обидуваме да го надминеме проблемот.

Засега, соработката со една компанија тече одлично, но за откуп на преостанатите количини на тутун и да се потпишуваат договори потребно е да се прошири соработката и со останати компании.

За таа цел, испративме барање до неколку компании за производство и преработка на тутун со апел да го откупат тутунот на производителите и со тоа фирмите да добијат квалитетен производ, а граѓаните да обезбедат егзистенција.Многу граѓани во изминатиот период изразија незадоволство до мене како градоначалник во однос на неоткупениот тутун и оттука упатив апел до тутунските компании за да се откупи тутунот и со тоа да го заштитиме заедничкиот интерес.

Незадоволството се изразува и во однос на несклучување договори и многу сограѓани се’ уште немаат договор и врз основа на истиот наредната година да можат да го пласираат својот производ.

И ова јавно соопштение нека биде уште еден апел преостанатиот тутун да се откупи и со тоа компаниите да добијат квалитетен производ, а производителите да ја обезбедат својата егзистенција, како и компаниите да склучуваат договори со тутунопроизводителите.

Фејсбук статус на Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *