Граѓаните јадат безбедно овошје и зеленчук

Вести

Паушални и невистинити се тврдењата објавени на интернет порталот skopjeinfo.mk, со кои во текстот со наслов “Домати и краставици во јануари – од пазар се враќаме со ќеси полни отрови”, тенденциозно и без аргументи, на граѓаните им се пласираат невистини бека јадат небезбедно овошје и зеленчук. Спротивно на сите новинарски стандарди, без да се консултираат институциите одговорни за безбедноста на храната и контролата на употребата на препарати за заштита на растенијата, со објавениот текст, граѓаните се заплашуваат и се доведуваат во заблуда дека храната која ја купуваат и консумираат, дури и во овој временски период, може да го загрози нивното здравје.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, а со тоа и за заштита на здравјето на граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира изнесените невистини и паушални тврдења објавени на интернет порталот skopjeinfo.mk за безбедноста на овошјето и зеленчикот кои се произведуваат и увезуваат во земјава.

Одговорно тврдиме дека инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на домашниот пазар со овошје и зеленчук, како и на пратките кои се увезуваат во земјава. Се контролираат и магацините за чување на овошјето и зеленчукот, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети. Прометот со овошје и зеленчук дополнително се контролира во рамки на инспекциските контроли на мешовитите продавници, кои вклучуваат и трговија со овошје и зеленчук и преработки од нив.

Согласно препораките на Европската Унија за мониторирање  на штетните агенси во храната, а со цел производство, промет и пуштање на безбедна храна на пазарот и  заштита  на  потрошувачите, Агенцијата за храна и ветеринарство почнувајќи  од 2012 година, ја спроведува и Програмата за мониторирање на безбедноста на храната ( вклучително и на овошјето и зеленчукот) во рамки на која се земаат мостри и се вршат лабораториски испитувања и за утврдување на евентуално присуство на штетни материи и во овошјето и зеленчукот, вклучително и на контрола за утврдување на евентуално присуство на остатоци од средства кои се користат за заштита на растенијата.

Само во рамки на реализацијата на мониторинг програмата, бројот на позитивни мостри никогаш не надминал 10 мостри, што е доволна потврда за безбедниоста на овошјето и зеленчукот. При детектирање на недоследностите, од страна на инспекциските служби веднаш се преземени соодветни мерки со кои  небезбедните овошје и зеленчук не завршиле на трпезите на граѓаните.

Законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на храната во поглед на максимално дозволените нивоа на резидиуи од пестициди се усогласени со европските. Превенцијата на резидуи од пестициди во производите од растително потекло почнува во примарното производство, со примена на добра земјоделска пракса, соодветна едукација на земјоделците, строга контрола на примената на средствата за заштита на растенијата, вклучително и на пестицидите.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *