Грашокот и боранијата најздрави намирници

Вести Полјоделство Совети

Грашокот и боранијата  спаѓаат  во  групата на мешункасти растенија и освен како храна  се користат и како лек  за лечење на многу болести . Младиот  зелен грашок е најбогат  со  корисни состојки, а најмногу  го има на пазарите преку летото.Може да  се   вари  со месо како главен оброк , како прилог,се користи и како припрема  за пире и каша , бидејки тогаш  лесно  се вари .

Грашокот  е богат  со јагленохидрати, фруктоза, бакар, белковини, влакна, растителна маст, а од минерали содржи многу железо,манган,цинк,магнезиум,фолна киселина. Кога  се во прашање витамини ова растение има најмногу А,Б1,Б2,Б3,Б6,ПП,К,Х (биотин)Ц,Е кој останува и после варењето . Во коренот  се наоѓаат бактерии азотофиксатори кои го врзуваат  азотот од воздухот и го претвораат во аминокиселини и протеини

Се препорачува  за исхрана на деца  и трудници , како и болни после  долго  земање на  антибиотицикако би го подобриле метаболизмот

Конзумирање на грашокот  се препорачува на луѓе кои патат од анемија,анксиозност, болести нан  срцето и крвните садови , бронхитис и главоболка.

Помага  кај импотенција , неплодност,паднат имунитет, несоница, проблеми  со коските,метаболизмот и нервите.

Грчките научници вршејќи испитувања од  еден канадски универзитет дошле  до зачудувачки резултати.

Имено ,белковините од грашокот помагаат во борба противхронична бубрежна инсуфициенција која  може да  доведе  до откажување на бубрегот и одржување на  нормалните вредности на крвниот притисок.Единствено грашокот  не се препорачува на луѓето кои  се алергични на оваа намирница и би требало да ја исфрлат од  исхраната.

Боранијата носи потекло од Мексико, а заблагодарувајќи на биолошките и лековитите својства најде  завидно место на трпезата.Постојат многу видови на боранија , а кај нас  најмногу се одгледува шумадинка , златна, кинеска и италијанска боранија .Во зависност од бојата може да биде зелена,бледо жолта,жолта или шарена, а по обликот  цилиндрична,полусрамнети со  земја и српна форма.На тезгите може да  се најде од пролет  до е сен додека смрзната сушена и конзервирана во супермаркетите се купува преку целата година.Слицно како и грашакот на жилите образува мноштво на грутки со бактерии кои се врзуваат  со  слободниот азот од воздухот.Боранијата е нискокалорична , а богата  со влакна па  се препорачува кај децата.

Обилува со минерали,калиум,калциум,фосфор, магнезиум и  железо.Содржи провитамин А, витаминЦ,Е,и Бгрупи како и бакар, белковини,растителни масти,омега3 масни киселиниод растително потекло, фолна киселина која е неопходна за правилен  развој на фетусот во исхраната на трудниците.и и значајни количини силициум, кој  е многу важен за развојот на коскитеи врзните ткива во човечкиот организам. Боранијата не треба да  се јаде  во  свежа  состојба,бидејќи има штетни  состојки, туку  епотребно пред конзумирање да с е обари во вода или на пареа.Најчесто се припрема  како комплетен оброк со месо и како додаток на разни салати. Кога  се во прашање лековитите  својства на боранијата, заради обилните влакна кои го регулираат варењето и работата на цревата позитивно делува на здравјето на коските, го зајакнува имунитетот, го подобрува видот, ја редуцира реапсорцијата на холестеролот преку жолчната ќеса. Во тој случај за постигнување на  најдобар  ефект потребно е  боранијата да се сваре на пареа.Истражувањата покажаа дека секојдневното конзумирање на боранијата може да помогне во намалување на холестеролот за 20 посто.Заради богатството на калиум помага  во одржување на нормален крвен притисоки го штити срцето.Без оглед на видот,обликот и бојата боранијата има низок глихемијски индекс па  се препорачува на дијабетичарите.Освен тоа боранијата  содржи неесенцијална аминокиселина, аргинин,кој делува слично на инсулинот и помага за  снижување на нивото на шеќер  во крвта ,односно допринесува за негова регулација.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *