Ѓубрење со гној од живина

Вести Градинарство Живинарство Совети

Ѓубрењето  со гној од  живината  е навистина многу силно и затоа обично се препорачува да се употребува гној од говеда.

Сепак, гнојот  од живина е многу богат  со хранливи материи неопходни за раст на зеленчук. На пример, гнојот од  кокошки  содржи околу пет пати повеќе азот од гнојот од добитокот. Затоа, таквиот гној  може да се користи  околу десет дена пред сеидбата, односно садењето зеленчук со тоа што не треба да се става повеќе од  2,5-3 килограми на метар квадратен.

Покрај тоа, течнниот гној од кокошките  може да се користи и за прихрана на зеленчукот, но прво мора да се раствори во седум пати поголема количина на вода. Значи, можете слободно да користите гној од живина за ѓубрење на  зеленчук, но внимавајте да не внесувате прекумерни количини, односно претходно да го разредете со вода.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *