Хибискус – рубинот на вашиот дом

Вести Совети

Оваа убава легенда е широко позната во Југоисточна Азија, која се смета за домот на хибискус. Таа кажува, како човекот ги открил прекрасните својства на ова растение. Лишен од долгиот пат низ џунглата, уморен од патувањето, патникот заминал и седнал на одмор. Тој бил гладен и исцрпен од жед. Седејќи во средината на дрвјата и грмушките запалил оган. Истурајќи вода во грнето, посакал боговите да му испратат храна. Неочекувано, некаде од горе неколку цветови со рубин црвена боја, паднале во грнето со вода.

Патникот се осмелил да го проба чајот, кој изненадувачки се покажал како многу пријатен и вкусен. Со секоја нова голтка, тој добивал енергија и повторно се почувствувал силен . Напуштајќи  ја џунглата, патникот собирал од овие убави цвеќиња и им ги давал на луѓето кои ги среќавал, раскажувајќи им ги неверојатните придобивки од овој пијалак. Не поминало долго време, оваа вест се проширила насекаде.

 

Хибискусот има повеќе видови – 300, претежно грмушки и дрвја, кои можат да бидат зимзелени или листопадни. Исто така постојат и повеќегодишни и годишни тревни видови. Иако нејзината татковина е Азија, таа расте слободно во тропските и суптропските региони на Америка и Африка. На Хаваи, тие го сметаат за национален симбол и го нарекуваат “Цвет на убави жени”, бидејќи хавајќите се китат и го ставаат на венци, и така ги пречекуваат туристите.Во Индија задолжително е да бидат присутни на венчалните венци.

Хибискусот во својата природна средина е ценет не само поради неговата декоративна вредност. Младите стебленца и лисја се конзумираат и како зеленчук и се широко признати во кулинарската уметност. Од нив, освен чај, се прават и вина, сирупи, слатки, желеа и салати.

Семето, цветот, листот и коренот се користат во медицината. Од семињата на хибискусот се прават убави орнаменти. Египетскиот хибискус се смета за најдобар, но Кина и Тајланд се најголемите производители на чај. Парчиња од сув цвет хибискус сабдарифа, се составен дел од повеќето овошни чаеви. На пазарот е познат под различни имиња, како “Кинеска роза”, ” Суданска роза “( иако растението нема ништо задничко со розата ), “Каркада” или едноставно ” Чај од хибискус “.

 Боите на хибискусот се едноставни  и со многу разновидна боја – од огнена и портокалова до црвена до различни нијанси на розова, жолта, бела или боја во зависност од сортата.

„Современо земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *