Хидросистемот Оризарска река ќе овозможи наводнување на земјоделски површини во Кочанско Поле од околу 1,500 хектари

Вести

Хидросистемот Оризарска река, во кочанско, е составен од повеќе потсистеми, кои претставуваат независни градежни целини и кои ќе се реализират во повеќе фази. Првата фаза е завршена во целост и во тек се градежни активности од втората фаза – изградба на хидројазел Речани (брана Речани со придружни објекти, опточен тунел со возводен зафат, преливен орган и темелен испуст).

Изведувачките активности се во тек, се следи динамичкиот план и согласно договорот истите треба да бидат завршени до 2024 година. Оваа капитална инвестиција ќе овозможи снабдување со вода за пиење, наводнување на земјоделски површини во Кочанско Поле од околу 1,500 хектари како и производство на електрична енергија преку изградба на две хидроцентрали.

Кочанското поле каде се произведува македонскиот ориз, е една од целите за развој на земјоделството и токму затоа се инвестира во различни сегменти, а редовното снабдување со вода за пиење и наводнување е клучен фактор за постигнување на развојната цел.

Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *