Хоџа: Да се биде земјоделец е чест, тоа не е лесно, но сепак вреди

Вести

Земјоделците не се сами во својата борба за пласман, профит, модернизација, развој и унапредување на производството, истакна министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, вчера во Битола.

На манифестацијата „Избираме најуспешни во областа на земјоделството”, министерот Хоџа нагласи дека Владата е секогаш тука да креира мерки, да интервенира кога неоди, да помага кога сам не се може.

May be an image of 4 people and people standing

– Да се биде земјоделец значи да се биде храбар, истраен, вреден, неуморен, посветен и трпелив. Да се биде земјоделец значи чест да ги имаш сите овие особини надградени со љубов кон професијата и грижа за природата. Да се биде земјоделец не е лесно, но сепак вреди. Вреди затоа што производството на храна е најблагородната професија, затоа што храната значи живот. За жал, животот застана минатата година поради ковид-19, но земјоделското производство воопшто не застана. Природата не може да чека, земјоделците мораа да ги продолжат своите редовни активности независно од условите предизвикани од вонредната состојба. Се соочивме со многу предизвици и ние како институција, но и вие како производители, но сепак се изборивме. Одевеме, чекор по чекор и ги надминавме сите предизвици – посочи министерот Хоџа.

May be an image of 2 people, people standing and indoor

На свеченоста во Битола, министерот потсети дека МЗШВ интервенирале при откуп на грозје и тутун, и дека реализирани се скоро сите мерки од програмата за рурален развој и финансиска поддршка.

May be an image of 6 people and people standing

– Од мерката рурална жена, 250 жени добија грант, исто така и 265 млади земјоделци добија грант, 540 зејоделци потпишаа договори за набавка на трактор, 25 оризопроизводители потпишаа договори за набавка на комбајн за жнеење на ориз, исплатени се 6,1 милијарди денари за субвенции, објавен е последниот јавен повик од ИПАРД-2, а следната година ќе го објавиме ИПАРД-3 – истакна Хоџа.

May be an image of 10 people and people standing

На манифестацијата „Избираме најуспешни во областа на земјоделството” награди им беа доделени на менаџерите на национални и локални институции и установи, а признанија добија и најуспешните, земјоделец, овоштар, градинар, лозар, сточар, пчелар, тутунопроизводител, една жена земјоделец и еден млад земјоделец.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *