Хоџа: До петок прекин на протестите додека не се одржи заедничка средба на тутунарите со откупувачите, под медијаторство на МЗШВ

Вести тутун

По средбата со тутунопроизводителите во Прилеп, министерот за земјоделство Арјанит Хоџа ја даде следната изјава:

-Прво и основно, се наоѓаме на почеток на откупот и рано да се каже каков ќе биде годинешниот откуп на тутун. Ја знам маката на тутунарите, и сиот вложен труд и емоциите се силни, но мораме да бидеме реални и да зборуваме за тоа што може Владата да помогне во овој случај. Во цената не можеме да влијаеме, откупните претпријатија се приватни компании. Владата може да дава субвенции и тоа 30% од вкупниот буџет за директни субвенции за сите земјоделци и сточари, одат за тутунарите. Годинава сите производители се сложуваат дека тутунот е за нијанса послаб квалитет од ланскиот, но велат дека проценката е за две класи подолу од таа што е реална. Затоа денеска се договоривме до петок да седнеме на иста маса, МЗШВ како институција, откупувачите и тутунопроизводителите и да се соочат аргументите на двете страни. До тогаш, се договоривме дека протестите ќе бидат прекинати – изјави министерот Арјанит Хоџа, по средбата со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари од прилепскиот регион.

До средбата во петок во МЗШВ, протестите на незадоволните тутунари се ставаат во мирување, а со повлекувањето на поверениците од страна на Сојузот на тутунски здруженија, практично ќе биде прекинат откупот на тутун.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *