Веста за исплатата на заостанатите субвенции за млеко први ја дознаа сточари од Пелагонискиот регион кои денеска беа на средба во МЗШВ
Во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пред два дена, се оддржа состанок на министерот Арјанит Хоџа со производителите на млеко од Пелагонискиот регион.

На средбата на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој Николче Бабовски, стана збор за состојбата во која се наоѓа млекопроизводството, цената на млекото и стратегијата на Владата за овој важен сектор.
Министерот Хоџа информираше дека со новиот ребаланс на буџетот на Република Северна Македонија, кој е усвоен од Владата, предвидени се финансиски средства за исплата на сите мерки од 2019 година вклучително и мерката за предадено млеко во преработувачки капацитети.
Министерот Хоџа потсети на досегашните мерки кои се донесени за помош на млекопроизводството, а тоа се, огласи за доделување на земјиште наменети за сточарите, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за грло добиток.
Се дискутираше и за средствата од Ипард програмата наменети за модернизирање на фармите и за нова технологија
Беше истакната и важноста од поголема едукација на сточарите за да произведуваат квалитетно млеко кое автоматски ќе им ја зголеми откупната цена која се одредува во зависност од класата на млекото.