Хоџа: Утре ќе бидат исплатени субвенциите за одгледувачите на овци и за градинаритe

Вести

Министерот Арјанит Хоџа во видеообраќање објави дека утре ќе бидат исплатени субвенциите за одгледувачите на овци и за градинарите.

„Почитувани земјоделци и сточари, како и што ветивме, по одобрувањето на ребалансот на буџетот, АФПЗРР, работи со голем интензитет, за да ги обработи вашите апликации за субвенции.

Во текот на следниот ден над 3100 сточари ќе ги имаат на своите банкарски сметки субвенциите за Основната мерка по грло овца во вредност од над 360 милиони денари.

Исто така, и градинартите, кои се на над 10 илјади, на своите сметки ќе имаат субвенции во вредност од над 230 милиони денари. Во текот на следната недела со ист интензитет, АФПЗРР ќе работи на имплементација и на другите дополнителни мерки.

Како што ветивме, со моја најголема почит кон земјоделците, ви се заблагодарувам за разбирањето и трпението во целиот овој период и ви ветувам дека за многу кратко време сите субвенции, ќе ги реализираме.“, рече Хоџа.

https://fb.watch/7bxur0BqTx/

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *