Хоџа: Владата и МЗШВ им излегуваат во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата

Вести

 

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, за најавениот протест на оризопроизводителите, во интервју за Локално, тврди дека се остварени средби по што е донесен заклучок да се зголеми финансиската поддшка во рамки на подмерката за ориз без сертифициран семенки материјал.

На прашањто дали е остварена средба со оризопроизводителите од Кочани, кои сметаат дека оризот нема реална вредност, и каде го детектира проблемот дека производната цена е повисока од откупната, но и дека оризопроизводителите не се опфатени со досега ниту еден пакет економски мерки , министерот вели:

-Досега остварив неколку средби со оризопроизводителите и преработувачите од кочанскиот регион. На средбите разговаравме за актуелната состојба со откупот на ориз од овогодинешната реколта, а беа изнесени ставови за ниската откупна цена, како и за пропратните проблеми.

На барање на оризопроизводителите, Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука за зголемување на висината на финансиската поддршка за подмерката за ориз без сертифициран семенски материјал. Со направената измена се зголеми поддршката за земјоделците кои немаат сертифициран семенски материјал на 25.000 денари за површини до 5 хектари, а оние земјоделци кои имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добијат финансиска поддршка од 30.000 денари по хектар.

Со оваа одлука Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им излегува во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата. Исплатата на субвенциите се одвива во согласност со динамиката и календарот на Платежната агенција.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *