И денеска по свежото утро, нè очекува сончево и топло време со температури до 28 степени

Вести

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *