Идеја за инвестиција преку Мерка 7: Изградете апартмани во Струга или Валандово со грант од ИПАРД

Вести

 

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во промоција на руралниот туризам може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестиција за сместување во внатрешен простор – апартмани. Најдобро тоа може да се прикаже со следниов пример:

Доколку барателот – правно лице ( од рангот микро или мало претпријатие) со место на инвестиција  во Струга или Валандово (Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД) сака да започне да се занимава односно да инвестира во изградба на објект за туристичко сместување – апартмани.

Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 1500 евара до 1 000 000 евра. Во нашиов пример предпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 200 000 еур без ДДВ.  Неповратниот грант за оваа инвестиција изнесува 130 000 евра.

Документи кои се потребни при изградбата на објектот и набавка  на оваа опрема се:

  1. Барање за користење на средства ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на одговорно лице
  3. Диплома или сертификат за завршен курс/обука за вршење на економската активност или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  4. Доказ дека правното лице не е во постапка на стечај
  5. Доказ дека правното лице не е во постапка на ликвидација
  6. Доказ дека врз барателот не е изречена прекршочна санкција за вршење професија, дејност или должност
  7. Изјава за големина на субјект (консултантска куќа)
  8. Потврда дека едно одговорно лице е во редовен работен однос во правното лице од АВРМ
  9. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  10. Потврда од локалната самоуправа – Општината Струга (Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД),  дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  11. Имотен лист за земјиштето каде ќе се гради објектот
  12. Доколку е изнајмено потребен е и договор за закуп не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се направи договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист
  13. Решение за одобрен елаборат од министерство за животна средина
  14. Три понуди од различни добавувачи за секоја ставка придружени со техничка спецификација и изјава за земја на потекло
  15. Копии од лиценци за градба за секој понудувач
  16. Договор за општи трошоци
  17. Фактура за платени општи трошоци
  18. Понуда за општи трошоци
  19. Одобрение за градба, реконструкција, адаптација на објект или изјава дека одобрението ќе се достави не покасно од 1 година од денот на поднесувањето на барањето за користење на средства.
  20. Копии или електронска форма од основните технички цртежи и предмер пресметка од ревидирана техничка документација
  21. Деловен план (консултантска куќа)

Важно: Со оглед на тоа дека се работи за инвестиција предложена од правно лице капацитетот не треба на биде поголем од 20 соби во кои можат да се сместат најмногу 50 лица (не вклучувајќи ги дополниелните кревети за деца). Надворешниот изглед мора да биде во согласност со стилот со традиционалната архитектура или да е во соглсност со пејсажниот амбиент на околината.

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијатa и од овој момент може да се започне со градбата на апартманите т.е. со сопствени средства може да ги изгради апартманите со што сите плаќања мора да бидат по фактура преку банка.

После реализацијата односно од кога ќе бидат завршени со градба апартманите се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 200 000 еур, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 130 000 еур кои преставуваат неповратен грант. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *