Идната недела прво прскање против возрасни комарци во десетте општини од Југоистокот

Вести

 Идната недела, од 7 до 9 јуни, во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат, соопшти Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Како што информираат оттаму, досега се извршени две третирања за ларвициди, а в понеделник ќе се реализира првото од трите третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5376 хектари.

На 7 јуни ќе се прска против комарци од 20 до 4 часот часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци, а наредниот ден, во истиот период, во Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

На 9 јуни прскањето ќе заврши во општините Радовиш и Конче.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во перодите кога ќе се прска.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *