Иднината на македонскиот аграр е во нови технологии и сигурен европски пласман

Вести

Македонските сорти пченица се со меѓународно признат квалитет, а земјава увезува брашно. Од 11 до 11,5 денари за килограм е откупната цена, но количините завршуваат на пазарите во Грција и Албанија, а преработувачите купуваат српско брашно по пазарната логика, најдобра цена за најдобар квалитет- велат од Агробизнис комората. Оценуваат- собраната пченица и јачмен пред дождовите имаат одличен квалитет.

Преработувачите се жалат дека цената на брашното е за 30 насто зголемена, сега изнесува и до 250 евра за тон, а пекарските производи сѐ уште се продаваат по исти цени. Проблем им создава и нелојалната конкурекнција.

Иднината на македонскиот аграр е во нови технологии, однапред договорен пласман и окрупнување на земјоделските површини. Македонските земјоделци бараат зголемување на субвенциите како во Европската унија, каде 67 проценти од буџетот се насочува за развој на земјоделството.

Од Агробизнис комората смета дека големите стопанства се двигатели и апелираат подршката да биде насочена кон продуктивно и конкурентно земјоделство.

Во Македонија има 68 илјади хектари под пченица, пред две ипол децении, површините биле двојно поголеми.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *